Неповторлива, фина и неверојатно вкусна …
Потребно е:
за бисквитното тесто:
250 гр крем сирење
50 гр путер
140 гр шеќер
100 мл млеко
60 гр брашно
20 гр нишесте
6 јајца
сок од 1/2 лимон
прстофат сол
за преливот:
џем по желба
малку вода
рум
Подготовка:
– Сите состојки треба да бидат на собна температура. Одвоите ги белките од жолчките.
– Белките со шеќерот и прстофат сол изматете ги во густ шлаг.
– Крем сирењето кремасто изматете го заедно со путерот. Додадете го сокот од лимон и една по една жолчка. Сипете го млекото, густинот и брашното и измешајте убаво.
– Калапот за торта обложете го со алуминиумска фолија и тоа во неколку слоеви. Сипете ја горната смеса во калапот.
– Рерната загрејте ја на 150 целзиусови степени. Земете еден поголем сад во кој ќе може да го ставите калапот за торта и наполнете го со врела вода. Калапот ставете го во водата во садот и ставете ги во загреаната рерна околу 60 минути. Додека се пече тестото немојте да ја отварате рерната. По тоа време отворете ја рерната и проверете со чепкалка за заби дали е печено тестото.
– Додека се пече тестото направете го преливот. Во еден сад на рингла ставете ги џемот, малку вода и малку рум и кратко варете ги со постојано мешање. Сварениот прелив оставете да се излади.
– Оставете го печеното бисквитно тесто малку да се излади и потоа одвоите го од ѕидовите на калапот.
– Ставете го на чинија за срвирање и посипете го со шеќер во прав. Прелијте го со преливот и послужете.