Од Гевгелија кон Табановце за едно деноноќие транзитирале 4.440 мигранти

Од:

Изминатото деноноќие од прифатниот камп кон Табановце, според информацијата од регионалниот Центар за управување со кризи во Гевгелија, транзитирале 4.440 мигранти, кои по евидентирањето и закрепнувањето, патот кон северната граница го продолжиле со специјалните возови и такси возила.

Од прифатниот камп во Гевгелија кон Табановце, јави дописникот на МИА од Гевгелија, се пропуштаат сите мигранти, но тие претходно од македонска страна се селектираат на граничниот камен 59, така што се пропуштаат само мигрантите од Сирија, Авганистан и Ирак. Останатите мигранти се враќаат назад во Грција, чии што погранични органи воопшто не вршат селекција.

Ситуацијата во кампот, според информацијата од ЦУК, е мирна и под целосна контрола. Сите служби во кампот кои постојат за обезбедување хуман третман и евиденција на мигрантите, функционираат нормално.

Би можело да ве интересира

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод