СДСМ: Тендери или бебиња?!

Од:

„За Груевски и Тодоров поголеми се тендерските потреби од потребата за безбедно мајчинство и здрави и живи бебиња.

Никола Тодоров и Никола Груевски се должни да и одговорнат на јавноста во Македонија:

-Дали огромната смртност на новороденчиња е резултат на тоа што во последните 4 години
Тодоров и Груевски постојано го крателе буџетот за програмата безбедно мајчинство?

-Дали Груевски и Тодоров дури и парите на граѓаните што ги оставиле за програмата безбедно мајчинство, сепак ги пренаменувале за други потреби?

-Кои биле тие потреби на Тодоров и Груевски?

Никола Тодоров молчи за податокот дека најголема смртност на новороденчиња има во Дојран, над 30 на 1 000 живородени.

Тодоров и Груевски молчат за фрапантните податоци дека смртноста на новороденчињата во Македонија е 14 на 1.000 живородени бебиња.

Во Македонија, според официјална студија, умираат три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ!

Груевски и Тодоров ги интересираат само тендери, коишто донесоа апарати што се веќе расипани или стојат во кутии.

Катастрофалните политики на Груевски и Тодоров ги бркаат лекарите надвор од државата.

Во колапсот на здравствениот систем: умираат пациенти, се пука во лекари, болниците се руина“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана