(ВИДЕО) Шилегов: Овој документ покажува дека Груевски се согласил да се анализира Рамковниот договор

Од:

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денеска обелодени документ кој докажува дека Владата побарала анализа за спроведувањето на Охридскиот рамковен договор и дека Владата стои зад конференцијата која треба да се одржи на почетокот од декември годинава. Груевски, рече Шилегов, измислува приказни за федерализација за да го покрие овој владин документ.

-Во овој документ со архивски печат од Владата, јасно е наведено дека договорот за Конференцијата е помеѓу Владата и Европскиот институт за мир. Потпишан е вице-премиерот за спроведување на Рамковниот договор, во име на Владата. Сега Никола Груевски мора да излезе и да им објасни на граѓаните на Македонија, која е причината за оваа Конференција – изјави Шилегов денеска на „Илинденска“ бб.

Документот е потпишан во јули годинава од вицепремиерот, Муса Џафери. Шилегов посочи дека Охридскиот рамковен договор не бил тема на преговори во рамки на работните групи. Очигледно е, додаде тој, дека премиерот работи нешто зад грбот на граѓаните.

dokument

-Дали целта на неодговорниот Груевски е да разгори меѓуетнички тензии во Македонија само себе си да се спаси? Граѓаните знаат, СДСМ гради единствена Македонија, едно општество за сите граѓани. Тоа стои во платформата „Визијата за Македонија“, тоа го знае и цела јавност. Никола Груевски не сака единствена Македонија. Единствена Македонија му порачува на Никола Груевски: Доста е! – рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација