СДСМ: Речникот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Народот слушна како Гордана Јанкулоска лично на Груевски му вели: Човечиња за рака се држат, влегуваат и гласаат, патент на уста, циркус Медрано.

Народот слушна како Миле Јанакиески и вели на Јанкулоска: Циганиве сите излегле.
Народот слушна како Јанкулоска му вели на Мартин Протогер: Ако е кај Ромите, за уши ќе ги носиме, не смее да писне.

Народот слушна како Јанкулоска вели: Со Индијанциве се е во ред, е сега со македонскиве, а како Трајко Вељаноски додава: …македонскиве Индијанци!

Народот слушна како Мартин Протогер на Јанкулоска и вели: Овој мајмунов од Фудбалска федерација намерно не пушта карти…. кажи му дека он, жената и децата, у еднек ќе ги ставам.

И гласачи на ВМРО-ДПМНЕ слушнаа како за Јанкулоска се: Бараби!

Ова се само неколку потсетувања на Груевски за речникот на неговите најблиски соработници кои народот нема да ги заборави.

Тоа се актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Собранието Вељаноски, шефот на Кабинет на Груевски, Протогер, или поранешните министри Јанкулоска, Јанакиески, кои беа до Груевски вчера кога молеше за поддршка од народот.

Груевски е во паника, затоа што граѓаните се на нозе и бараат промени.
Збогум Никола“, велАт од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација