Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска ги отфрли жалбите на Сеп Блатер и Мишел Платини кои се однесуваа на привремената суспензија поради сомневање дека имаат финансиски измами.
ФИФА двајцата ги суспендира првите луѓе на светскиот и европскиот фудбал на 90, а исто така не ја прифати ниту номинацијата на претседателот на УЕФА за новиот претседател на ФИФА.
Одлуката е донесена на денешната седница на Комисијата за жалби при ФИФА.
Блатер и Платини има право на жалба до Арбитражниот спортски суд во Лозана.
Етичкиот комитет на ФИФА ги казни Блатер и Платини за сомнителни исплати за советодавни услуги во висина од два милиони долари во 2011 година.