Светскиот шампион во карате, Дејан Недев кај Жерновски

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска во својот кабинет, ги прими светскиот шампион во традиционално карате, Дејан Недев и претседателот на карате клубот “Работнички“ и тренер на шампионот, Венцислав Недев.

Фото (3)

Тие го информираа Жерновски за големиот успех кој што Дејан Недев го постигна на светскиот шампионат, кој се одржа во градот Копер, Р. Словенија.

Фото (2)

Ова, посочи Жерновски, е голем успех за Вас, но и за општина Центар, на чија територија работи клубот.

„Воспоставената соработка помеѓу општината и карате клубот ‘Работнички’, кој е прв и најстар карате клуб во Македонија, продолжува и наредната година. Општина Центар ќе ја зголеми поддршката на клубот, кој минатата година славеше 45 години од постоењето“, рече Жерновски.

Фото (4)

Клубот догодина ќе биде технички организатор на Европското првенство во традиционално карате, кое ќе се одржи во Скопје, а општина Центар ќе направи се’ за настанот да помине во најдобар ред. На првенството ќе учествуваат 1300 натпреварувачи, од 40 земји.

Карате клубот „Работнички“ на Европскиот куп во Мариз, Франција, се закити со 10 медали – 4 златни, 4 сребрени и 2 бронзени.

Фото (5)

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски