Над 5.000 црвенокоси луѓе од 80 земји од светот се собраа изминатиот викенд во холандскиот град Бреда, на Фестивалот на црвенокоси, каде го соборија светскиот рекорд во број на црвенокоси луѓе на едно место.
Организаторите успеале да превезат полн авион црвенокоси луѓе од Шкотска, чиј екипаж бил сочинет само од црвенокоси луѓе, а во текот на летот се пиело само црвено вино од ѓумбир.
Што се однесува на Гинисовиот рекорд, фестивалот успеа да го собори рекордот кој го постави минатата година со 1.672 црвенокоси луѓе кои се собраа на истото место.
Фестивалот на црвенокосите се одржува од 2005 година кога се собраа само 150 луѓе, но со годините стана многу популарен, па оваа година го посетија повеќе од 5.000 луѓе. За да присуствувате на фестивалот кој трае цел викенд, треба да имате природно црвена боја на коса.