Водата од охридскиот водовод исправна за пиење

Од:

Водата од охридскиот водовод е исправна за пиење, согласно законските одредби утврдени со правилникот од 2008 година. Тоа денеска пред медиумите го потврди директорот на Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ Томе Паскаловски.

–    Водата од системот за организирано водоснабдување во градот што е контролирана од градскиот водовод е исправна, што е потврдено со секојдневните анализи што се спроведуваат како од наша страна така и од Регионалниот центар за јавно здравје, истакна Паскаловски.

Што се однесува на квалитетот на водата од Билјанините извори каде деновиве е поставена табла дека истата е неисправна за пиење, Паскаловски појасни дека тоа не е ништо невообичаено, оттаму што такви состојби се регистрираат во одредени временски периоди од годината со децении наназад што, како што истакна, најверојатно е последица на постоењето на бачила на потегот над самите летнички извори.

–    Делот од водата од Билјанините извори што се користи за потребите на градскиот водовод пред употребата е третирана и оттаму исправна за пиење, додека отворениот дел од изворот е таков каков што е, во моментов несоодветен за пиење, појасни тој.

Кога станува збор за квалитетот на водата од селските водоводи, Паскаловски тврди дека сите каптажи што се под нивна надлежност се исправни, додека кај одредени месни заедници кои не дозволуваат контрола од нивна страна можеби има отстапувања во квалитетот на водата.

–    Некои од месните заедници во селата не сакаат да ги отстапат ингеренциите врз водоводите, од различни причини, поради што понекогаш квалитетот на водата е надвор од стандардите. Ние за сите месни заедници имаме обезбедено хлор за третман на водата, дури и интервенираме во отстранувањето на дефектите, додека околу надлежностите останува фактот дека истите се надвор од наша контрола и ингеренција, појасни директорот на „Проаква“.

Би можело да ве интересира

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски