(ВИДЕО) Заев: На 24. април ќе има промена на власта и работите ќе се сменат

Од:

На предавањето на претседателот на СДСМ на тема Вистината за Македонија во Љубљана, Словенија, што се одржа на барање на угледниот Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии (IFIMES) присуствуваше и поранешнот претседател на Р. Хрватска, Стипе Месиќ, со кого претседателот Заев оствари одделна средба.

„Ова е прекрасна можност благодарение на ИФИМЕС институтот овде во срцето на Љубљана, на Словенија, да презентираме една многу важна работа како процес што се случува во Македонија, а тоа е Вистината за Македонија, за иднината на нашата земја, за процесите коишто ги отворивме и што се нашите очекувања.

Словенија е голем пријател на Македонија, Македонија има и овде своја заедница на Македонци кои работат, секако со присуството на амбасадорите, на поранешниот претседател Стипе Месиќ, на видни членови, важни на словенското општество, како судии од Уставниот суд и многу други луѓе. Беше посебна прилика да презентираме вистини за нашата земја заради тоа што Словенија од секогаш била голем пријател на нашата Македонија. Помагајќи на патот во правец на Европската унија и НАТО, споделувајќи позитивни искуства, лобирајќи за нашата земја, секако ова беше одлична можност да споделиме со заинтересираната публика овде во Словенија, многу важни работи за Македонија.

Ние ќе продолжиме со нашата борба за враќање на слободата, демократијата и европските вредности во Македонија и верувам дека уште на 24 април заедно на предвремените избори, работите во нашата земја ќе се сменат со промена на власта и пополека ќе чекориме кон модерните европски земји“, рече Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев