Рускиот премиер Дмитриј Медведев го нарече ширењето на тероризмот – предизвик со кој се соочува цивилизираниот свет и потребен е заеднички одговор.
Во говор пред учесници на средба на врвот на држави од Азиско-пацифичката економска соработка, Медведев посочи дека терористичките напади кои ги погодија Русија и Франција, го погодиле целиот свет.
– Ширењето на тероризмот е глобален предизвик за целиот свет и тој предизвик бара заеднички и координиран одговор како и заеднички акции, нагласи Медведев.