ИД подготвува убиствени кибер напади во Велика Британија

Од:

Британската Влада одлучи двојно да ги зголеми финансиските средства за борба против кибер криминалот, до рекордни 1,9 милијарди фунти до 2020 години, откако беше откриено дека милитантите на Исламска држава (ИД) се обидуваат да развијат можности за спроведување убиствени кибер напади во Велика Британија.

Промоцијата на програмата за значителното зголемување на средствата за оваа цел, ќе ја изврши министерот за финансии Џорџ Озборн, кој денеска престојува во седиштето на Главниот прислушен центар на Велика Британија во Челтнам.

Во објаснувањњето за причините за издвојувањње на толку многу пари за пресметката со хакерите на ИД се вели дека во кибер нападите на исламистичките милитанти, може да бидат загубени многу човечки животи, што е и цел на нивните акции.

Сознанијата на безбедносните агенции, врз кои се потпираат анализите на Министерството за финансии, откриваат дека ИД подготвува заговор за спроведување кибер напади врз британскиот електроенергетски систем и снабдувањето со струја, врз контролата на воздушниот сообраќај, како и врз болниците.

Велика Британија веќе спроведува антихакерска борба против употребата на интернетот за пропагандата на исламистичките милитанти, против верската радикализација и џихадизмот, но и против планирањето и спроведувањето терористички напади.

Сега се настојува да се прекинат плановите на ИД за хакирање на делови од британската инфраструктура, за да се спречат човечки жртви кои сигурно ќе ги има доколку успеат кибер нападите.

Промовирањето на програмата за зголемено финансирање на борбата против кибер нападите, доаѓа непосредно по терористичките напади во Париз, изврпени во петокот доцна вечерта, во кои беа убиени 129 лица, а други 300 беа ранети.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Хакери влегуваат во сметките на граѓаните, над 5.000 измамнички трансакции за една година во Македонија

Агенти на тајната единица 29155 вршат сајбер напади во земји членки на НАТО и ЕУ

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on