Слоевити вкусни коцки

Од:

Овие шарени и неодоливи коцки се наша идеја за секое дружење …

Потребно е:
250 гр замрзнато лиснато тесто
150 гр шунка, исечена на тенки парчиња
100 гр кашкавал ајдамер
100 гр кашкавал гауда
100 гр кулен
100 гр зимска трајна салама
400 гр кисели печени црвени пиперки
3 јајца
1/4 лажиче бибер
15 гр рендан пармезан

Подготовка:
– Лиснатото тесто развлечете го на набрашнета маса во форма на правоаголници со димензии (45х30 см) и исечете ги на пола.

– Половина од тестот ставетње го во тава со димензии 22х33 см и на него рамномерно распоредете ја шунката.

– Над шунката ставете го кашкавалот ајдамер, потоа кашкавалот гауда, а над нив распоредете ги куленот и другата салама.

– Пиперките убаво исцедете ги и распоредете ги над саламите.

– Во еден сад изматете ги јајцата и додадете бибер и пармезан. Околу 3/4 од јајцата полијте над пиперките и поклопете со преостанатото тесто. На крај убаво премачкајте со преостанатите изматени јајца.

– Тавата покријте ја со алуминиумска фолија и ставете ја во загреана рерна на 190 целзиусови степени околу 25 минути.

– Тргнете ја фолијата и допечете ги уште 10-15 минути или додека тестото не добие убава златно-црвена боја.

– Извадете го од рерна и оставете го неколку минути да се излади, а потоа пресечете го на коцки и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска