Покренато обвинение против екс-градоначалникот на Охрид, Александар Петрески

Од:

Поранешниот градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ, Александар Петрески, ќе одговара за злоупотреба на службената положба и овластување затоа што, наводно, дозволил бесправна закупнина на паркинг простор и ја оштетил општината за 32.000 евра. Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Охрид во Основниот суд Охрид поднесе обвинителен акт против него.

Петрески се товари дека во март 2013 година, како градоначалник на општина Охрид, ги пречекорил границите на своето службено овластување и во постапка за доделување договор за краткотраен закуп на паркинг простори со јавно наддавање овозможил постапката да се спроведе и избраниот понудувач да не изврши уплата на износ од 2.010.000 денари, или 32.682 евра, надомест за едногодишна закупнина на паркинг просторите.

„Имено, обвинетиот првично не постапил по известување на Државната изборна комисија, која побарала да се сопре постапката за јавната набавка до завршување на изборите за градоначалник и членови на Советот на општината, а потоа и со потпишување на Договорот за закуп на паркинг простор му овозможил на закупувачот корист – да започне да стопанисува со паркинг просторите, предмет на објавата и постапката, без да изврши уплата на договорениот едногодишен надоместок“, информираат од Основното јавно обвинителство.

Петрески во номеври минатата година, заедно со уште 13 лица, беше приведен во акцијата „Јагула“ и му беше одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Екс-градоначалникот на Охрид, како првоосомничен во случајот, и неговите поранешни соработници се товареа дека од 2006 до 2013 година при вршење јавни набавки за потребите на општината сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластувања при што го оштетиле општинскиот буџет за околу 2 милиони евра. Петрески се сомничеше дека исплаќал пари за веќе завршени градби, како и дека примал поткуп.

Би можело да ве интересира

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан