НАТО и ЕУ со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите во Париз

Од:

Северноатлантската алијанса (НАТО) и институциите на Еворпската унија во Брисел денеска точно на пладне со едноминутно молчење им оддадоа почит на 129-те жртви на терористичките напади што во петокот вечерта се случија во Париз.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, НАТО соопшти дека со едноминутниот молк во спомен на жртвите „од варварските терористичките напади во Париз, сојузниците покажале дека стојат заедно во тага и солидарност со Франција“.

– Ние ги осудуваме овие напади во секоја смисла на зборот. Тоа беа напади врз нашите основни вредности на слободата, демократијата и човековите права. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите. Нашите мисли се, исто така, со многумината што беа повредени. Сите ние сме повеќе од кога решени да се спротивставиме и да ја поразиме на заканата од тероризмот и екстремизмот. Повеќе сојузници веќе работат со Франција за нивните тековни активности и истраги во пресрет на нападите, се наведува во соопштението на НАТО.

Алијансата посочи дека „терористичките напади се со цел да се заплашува“, но дека „тие само ќе ја зајакнат решеност дека тероризмот и екстремизмот никогаш нема да може да ја поразат демократијата на нашите отворени општества”.

Сепак, НАТО не соопшти дали ќе биде активиран Членот 5 од Договорот на организацијата, кој гласи дека „кога една земја-членка е нападната, нападнати се и сите останати членки и ќе влезат во војна за одбрана на земјата-членка”.

Францускиот претседател Франсоа Оланд во саботата посочи дека „Франција е нападната“ и дека „Франција е во војна“, по што француските авиони започнаа со воздушни напади врз позиции на ИД во Сирија и Ирак.

Во исто време, во Европската комисија исто така се одржа едноминутно молчење, каде сите вработени во институциите на ЕУ во Брисел стоечки и со молк им оддадоа почит на жртвите во Париз.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски