Одложено носењето одлука за членови на собраниската Анкетна комисија за прислушувањето

Од:

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска го одложи утврдувањето на предлог одлуката за избор на членови на Анкетната комисија за прислушувањето, бидејќи како што објасни претседателот Зоран Илиоски до него предлози доставиле само пратеничките групи на ДУИ и на СДСМ и опозицијата, како што било договорено во четвртокот.

Илиоски истакна дека седница со оваа точка на дневниот ред ќе биде закажана веднаш кога до него ќе стасаат предлозите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА.

– Точно е дека како пратенички групи се договоривме да имаме денеска седница и затоа точката е ставена на дневен ред. За жал, ни фалат овие предлози. Не мислиме да отстапиме од договорот. Штом стасаат предлози уште истиот ден ќе свикаме седница, појасни Илиоски.

Пратеникот Горан Мисовски од НСДП смета дека Анкетната комисија мора да биде формирана бидејќи таа е договорена во Пржино и за неа има согласност од четирите партии.

– Веќе има договор во Пржино и има согласност од сите четири партии денеска да помине Анкетната комисија на Комисијата за прашања на изборите и именувањата и да оди на пленарна седница, рече Мисовски.

Пратеничката група на ДУИ, според Џевад Адеми, не е дел од ниту едно сценарио и нема информации за некое сценарио.

– Како член на Комисијата можам да посведочам дека претседателот Илиоски постојано инсистираше да се поднесат предлози за членови на Анкетната комисија. Го сфаќам опозицискиот пристап и тенденцијата да се направи тема и таму каде што нема, но ниту една пратеничка група нема корист од една апсолвирана работа, од еден постигнат договор. Вака не се добива на време, рече Адеми појаснувајќи дека овие членови се номинираат во партиите и не е коректно да се обвинуваат колегите пратеници.

Би можело да ве интересира

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Дојава за поставена бомба во авион кој леташе кон Варшава, леталото вонредно слета, аеродромот е затворен

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран

(ВИДЕО) Русите погодија трговски центар полн со луѓе – најмалку четворица загинаа

А1он

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му