Во претседателската вила „Водно“ вечерва почна седницата на Советот за безбедност на Република Македонија во проширен состав, што го свика претседателот Ѓорге Иванов по терористичките напади во Париз.
На седницата, покрај шефот на државата Иванов, присуствуваат и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски, министрите за одбрана и за внатрешни работи Зоран Јолевски и Оливер Спасовски, како и членовите на Советот Вели Креци, Фљора Кадриу и Насер Сејдини.
На покана на претседателот Иванов, согласно деловникот за работа на СБ, на седницата присуствуваат и раководителот на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи Никола Тодоров, началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски, директорот на Агенцијата за разузнавање Наќе Чулев, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Љупчо Андоновски, директорот на Бирото за јавна безбдност Горанчо Савовски, раководителот на сектор во Службата за воена безбедност и разузнавање Фердинанд Оџаков и претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија, Емил Димитриев.
На седницата не присуствуваат Никола Попоски, министер за надворешни работи на Република Македонија, како и заменик-министерот за внатрешни работи Митко Чавков поради службено патување надвор од Република Македонија.
На седницата не присуствува директорот на Центарот за управување со кризи и раководител на Групата за процена, Сузана Салиу.