Чешките политичари и изразија сочувство на Франција по терористичките напади во Париз. Како што јави дописникот на МИА од Прага, претседателот на државата, Милош Земан, рече дека веста ја примил ,,со длабока тага и неопислив бес”.
Министерот за финансии, Андреј Бабиш пак, рече дека ,,Европа е во војна против тероризмот и ќе биде потребно да се затворат границите на Шенген зоната”.
– Тоа е навистина огромна трагедија и предупредување за цела европска комунита и не сакам да правам општи заклучоци, но нешто ми кажува дека ерата на одредена негрижа и висок степен на слобода во Европа, за жал, можеби завршува, рече министерот одбрана Мартин Стропницки.