„Солидарност“ демантира дека ќе се вклучи во формирање партија

Од:

„Левичарското движење „Солидарност“ ги демантира сите неточни новинарски известувања за вклученоста на ЛДС во формирање партија. Како здружение на граѓанки и граѓани, продолжуваме да се бориме за промена на општеството, за изградба на демократска и социјално праведна Македонија. Во таа борба, „Солидарност“ нема да делува партиски, ниту да пружа логистичка поддршка за која било политичка партија.

Притоа, индивидуално право на членовите на „Солидарност“ е да се вклучат во постоечки или идни политички партии или граѓански листи, по сопствена волја и на сопствена одговорност. Сепак, нагласуваме дека мнозинството од членството на движењето, вклучително и оние кои се негови правни застапници и вработени не се активни членови на ниту една партија.

Продолжуваме понатаму кон реализирање на нашата платформа и визија за подемократско и поправедно општество. „Солидарност“ е идеја која не може да се врами во изборни и формални процеси. Таа е општествена сила која нема да престане да пркоси на воспоставените норми, во име на нови идеали, нови хоризонти, нови практики во животот на граѓаните.

Денес, во услови на заробена држава, се залагаме за јакнење на гласот на граѓанките и граѓаните и за ширење на просторот во кој народот е ослободен од уцените на владејачките елити и не ги чека изборите за да дејствува политички. „Солидарност“ се залага за општество на активни граѓанки и граѓани, на гласен и политички освестен народ кој верува во својата способност да ги промени состојбите.

Новото отворено, социјално праведно и демократско општество го градиме преку помагање, иницирање и поврзување на бројни демократски јадра. Вистинската општествена промена започнува кога стравот ќе се надмине, на маалските собири, меѓу соседите, работничките, студентите и со организирање на солидарни акции. Само така ќе го надминете стравот и ќе успееме во создавањето нова визија.

Против угнетувањето од центрите на финансиска и политичка моќ, против националистичката омраза и за силата на народот, единствено може да успееме ако се бориме солидарно со демократски и децентрализирани акции и иницијативи. Меѓусебната солидарност е единствена гаранција за личниот и заедничкиот напредок“, се вели во соопштението на Левичарското движење „Солидарност“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица повторно ќе поднесе Предлог-закон за гарантирано платено породилно отсуство за земјоделките

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ под вмровска контрола – над четирипати повисока цена за дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Горан Наумовски

Исмаил до Тошковски: Кој е крив за бегството на Ива Михаилова?

А1он

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколошките жешки точки од законот за животна средина

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ – надворешно сметководство и покрај сопствен финансиски оддел