Државната секретарка на САД, Хилари Клинтон и високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон денеска ќе го посетат Белград, каде што ќе разговараат со претседателот и премиерот на Србија.
Во центарот на Белград, десничарските организации, вчера вечер одржаа мирен протестен собир, по повод доаѓањето на државната секретарка на САД.
Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека доаѓањето на Хилари Клинтон и Кетрин Ештон го гледа како продолжување на позитивниот тренд во односот со САД и Европа.
По посета на Белград, Клинтон и Ештон одат за Приштина.