ВИДЕО: Ураганот Сенди усмрти 13 луѓе во САД

Од:

Најмалку 13 луѓе загинаа, а повеќе од пет и пол милиони жители останаа без струја по ударот на ураганот Сенди, кој го погоди источното крајбрежје на САД.

Ураганот, кој прејде во пост-тропска бура, вчеравечер дојде до брегот на Њу Џерси, најтешко погпдувајќи го Атлантик Сити, чиј центар и поголемиот дел од градот се потполно потопени. 

Меѓу настраданите најмногу се во Њујорк, каде што пет луѓе загинаа, а жртви имаше и во Њу Џерси, Масачусец и Конектикат. Едно лице загина и во Торонто, Канада.

Њујорк го погодија и огромни поплави, така што скоро цел долен Менхетен е поплавен, а водата на поедини места надмина 4 метри.

Вкупно 1.37 милиони луѓе во Њујорк и повеќе од милион жители на Њу Џерси останаа без струја. Ситуацијата е малку подобра во Вашингтон и Балитимор, каде што се проценува дека околу 400 илјади луѓе останале без електрична енергија.

[nggallery id=33]

И покрај намалената опасност од силни ветрови и големи врнежи, во Вашингтон, како и Њујорк и денеска ќе биде целосно запрен градскиот сообраќај, а ќе бидат затворени сите државни институции.

Метеоролозите предвидуваат дека подоцна би требало да дојде до смирување на времето, но дожд ќе паѓа се до среда попладне.

Би можело да ве интересира

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Силниот ветар однесе и дел од покривот на штипското училиште „Коле Нехтенин“

Предраг Петровиќ

Ветерот во Штип откорна дрвја и направи штета на автомобили и објекти

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски