Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска објави имиња на пет претенденти кои ќе учествуваат во трката за претседател на Светската куќа на фудбалот.
Меѓу нив го нема актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Мишел Платини, а објаснувањето е дека тој е под суспензија, а кога ќе му истече казната би можело и неговата кандидатура да се прифати.
Ад-хок комисијата на ФИФА даде зелено светло за следниве кандидати:
1. Принцот Али Ал Хусеин,
2. Шеик Салман Бин Ебрахим Ал Калифа,
3. Жером Шампањ,
4. Џани Инфанитино,
5. Токи Сексвејл.
Незадоволните од оваа одлука на Ад-хок комисија имаат право на жалба во Арбитражниот суд за спорт (CAS) во Лозана, соопшти ФИФА.
Изборите за наследник на Сеп Блатер ќе се одржат на 26 февруари идната година.