Лекарски колегиум на дигестивна хирургија: Денеска, утре и задутре ќе работиме само за итни случаи

Од:

Згрозени сме од обидот за убиство на нашиот колега на 9 ноември на неговото работно место и реакциите на јавноста. Читаме се посилни повици за линч на лекарите и ширење на лажни информации за кои цврсто веруваме дека се невистинити. Се деградираат професионалци кои со љубов и пожртвуваност ја работат својата хумана професија и отсуството на поддршка во вакви тешки моменти особено не повредува.

Ова го соопшти Лекарскиот колегиум на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија-Скопје, кој, како што се наведува, како израз на револт и разочараност, едногласно одлучил дека денеска, утре и задутре нема да се оперираат елективни случаи и да се вршат елективни амбулантски прегледи. Оттаму, посочуваат дека итните случаи соодветно ќе бидат згрижувани.
Од Лекарскиот колегиум на Клиниката за дигестивна хирургија најостро го осудуваат говорот на омраза во јавноста искажан преку социјалните мрежи, портали односно пишаните и електронските медиуми.

Она што особено не загрижува е отсуството на реакција на повиканите институции истото да го спречат, осудат и санкционираат. Разбирајќи го незадоволството на граѓаните поради длабоко нарушената доверба: лекар-пациент, сепак е неразбирлив од наша страна повикот за линч на сите лекари, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните