ВИДЕО: Силниот ветер откачи кран на висококатница во центарот на Њујорк

Од:

Огромен кран кој се наоѓа на висина од 65 кат на зграда во центарот на Њујорк, денеска се откачи поради јакиот ветер, и се заканува да падне на улица.

Како што пренесуваат њујоршките телевизии, на лице место се екипи за спасување кои се обидуваат да го закачат кранот и да спречат негово паѓање.

На граѓаните им е забрането да влегуваат во 57 улица, помеѓу шесттата и седмата авенија каде што се наоѓа кранот.

Ураганот Сенди донесе денеска силен ветер и многу дожд на источниот брег на САД, поради што се стопирани системите на јавниот сообраќај, а илјадници луѓе се упатени во повеќе реони пред најјакиот удар.

Метеоролозите проценуваат дека главниот удар се очекува доцна вечерва и дека центарот на огромната олуја ќе биде брегот на Њу Џерси, јужно од Њујорк.

Околу 50 милиони луѓе во крајбрежниот појас на САД се наоѓаат на патот на ураганот која достигна ширина од скоро 1.600 километри. Метеоролозите сметаат дека ова може да биде најголемиот копнен ураган во историјата на земјата.

Би можело да ве интересира

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Силниот ветар однесе и дел од покривот на штипското училиште „Коле Нехтенин“

Предраг Петровиќ

Ветерот во Штип откорна дрвја и направи штета на автомобили и објекти

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски