Ердоган: Турција потроши 8,5 милијарди долари за сириските бегалци во камповите

Од:

Турција ќе продолжи да им помага на сириските бегалци, но се обидува да спроведе поефективни мерки, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Само за бегалците, кои живеат во камповите, ние потрошивме 8,5 милијарди долари. Тоа што го правиме сепак е невозможно да се оцени од материјален аспект. Турција не го сторила тоа по нечија наредба. Луѓето дојдоа до нашите граници, спасувајќи се од бомби и ние ги отворивме границите, рече тој.

Како што јави ТАСС, Ердоган исто така ги повика земјите од ЕУ да го земат предвид тој факт, кога го разгледуваат прашањето за одделување средства. 

– Ќе продолжиме да пружаме помош. И нема да се потпираме на средствата, кои се во касата, туку ќе го решиме прашањето за тоа како да го зголемиме квалитетот на нашата помош, рече тој. 

Ердоган повторно повика за создавање на зона, забранета за летови во северна Сирија, која ќе им овозможи на бегалците да се вратат во својата татковина.

Тој додаде дека прашањето ќе го постави на самитот на Г-20 од 15 до 16 ноември во Анталија.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет лица загинаа во експлозија на гас во Измир, повеќе од 60 се повредени

(ВИДЕО) Eксплозија во Турција, четири лица загинаа, над 20 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шумски пожари во Турција: Евакуирани гости на два хотели во областа Кушадаси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција во хаос: Мртви и повредени во големи пожари

Предраг Петровиќ

Најмалку пет лица загинаа во шумски пожари во Турција

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски