Марта Арсовска – Томовска – министер за информатичко општество и администрација

Од:

Марта Арсовска – Томовска е новиот министер за информатичко општество и администрација. Таа досега ја извршуваше функцијата заменик-министер во Министерството за информатичко општество и администрација.

Родена е на 1 март 1973 година во Скопје. Дипломира на Електротехничкиот факултет во Скопје, а во моментот подготвува магистерски труд на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

До 2011 година работи на раководни функции во Првиот интернет провајдер во Македонија и во „Ултра компјутер“. Учествувала во управувањето со систем-интеграторски проекти имплементирани во Министерството за финансии, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Царинската управа, Управата за јавни приходи… На нејзина иницијатива во 2004 година е реализиран проектот за бришење на Македонија од црните листи на небезбедни земји за интернет трговија и воспоставена е „Култура за интернет безбедност“. Била член и на експертската работна група за подготвување на стратегија за имплементација на FWA/WIMAX електронски мрежи во Македонија.

Од 2011 година е назначена за заменик-министер за информатичко општество и администрација.
Од јануари 2013 година е член на Големото жири на Светскиот самит за награди кој е организиран во партнерство со Обединетите нации, а од септември годинава е и неизвршен член во бордот на директори на World Summit Awards.

Добитник е на различни признанија, а била избрана и за топ 10 менаџерки на годината.
Одлично ги познава англискиот и јужнословенките јазици, а делумно говори француски и руски.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези