Ахмети: Извештајот е реална оценка и обврска за земјата

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска го прими извештајот на ЕК за напредок на Македонија за 2015 година од амбасадорот на ЕУ Аиво Орав.

Ахмети оцени дека извештајот е реално огледало на општата состојба во Република Македонија и претставува обврска за институциите на земјата за да дејствуваат во согласност со очекувањата на Брисел, соопшти ДУИ.

Ахмети изразил задоволство што ЕК ја повтори препораката за отворање на пристапните преговори на Македонија со ЕУ. За поставените услови рекол дека претставуваат стандарди кои треба да ги исполни Македонија и кои се задолжителни за сите политички партии во земјата.
Во врска со општата политичка ситуација, лидерот на ДУИ оценил дека спроведувањето на обврските од Договорот од Пржино ќе создаде услови за фер и слободни избори, како и предуслов за стабилност и безбедност и силно враќање на евроатланската агенда.

– Системските реформи мора да се спроведат, но истовремено, политичките партии во Македонија, со помош на меѓународната заедница, треба да ја разгледат можноста за надминување на најголемиот предизвик со кој се соочува Македонија, решавањето на спорот околу името со нашиот јужен сосед. Овој процес ќе влијае позитивно и на меѓуетничките односи, односите со соседите, но, исто така, ќе го поттикне економскиот развој, странските инвестиции и отворањето на нови работни места, истакнал Ахмети.

Амбасадорот Орав, пак, како што информира ДУИ, ја оценил како конструктивна улогата на Ахмети и ДУИ за надминување на политичката криза и спроведување на обврските од политичкиот договор.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ