Четиринаесет лица загинале, а 27 били спасени во новиот инцидент со превртен чамец мигранти во Егејско Море, пренесе агенцијата Анадолија.
Американските медиуми посочуваат дека меѓу удавените имало седум деца.
Трагедијата се одиграла крај Ајвалик, во округот Чанаккале.
Мигрантите се обиделе да стигнат до грчкиот остров Лезбос кога им се превртел чамецот со кој пловеле.
Многу бегалци се обидуваат да стигнат до Европа, следејќи ја, понекогаш и по цена на својот живот, опасната маршрута преку Егејско Море од турското крајбрежје до некои од грчките острови.