Компанијата Ербас Хеликоптер на аеросалонот во Дубаи на светската јазвност и претстави хеликоптер чиј дизајн го потпиша Пежо – конкретно дизајнерскиот центар Peugeot Design Lab.
Дизајнерите од Пежо учествуваа на конкурс на компанијата Ербас. Хеликоптерот H160 е резултат на работата на Ербас чии дизајнери го разработиле проектот, а го финализирале експерти од Пежо.
Ербас Хеликоптерс Н160 е проект на хеликоптер за 12 патници со два мотора. Прв лет имал на 13 јуни годинава, но до првите купувачи ќе биде испорачан за три години.