Шестмина турски војници повредени при експлозија на бомба

Од:

Шестмина турски војници се повредени денеска при експлозија на бомба, поставена на пат од бунтовници на Курдската работничка партија (ПКК) во југоисточниот дел на Турција.

Експлозијата се случила на пат во близина на градот Силван, населен главно со Курди, каде турските власти воведоа полициски час поради борбите меѓу безбедносните сили и курдските бунтовници.

Минатата недела ПКК го прекина временото еднострано примирје, кое го објави со цел да се намали тензијата пред одржувањето на парламентарните избори на 1 ноември. Владата го отфрли примирјето, нагласувајќи дека ќе ја продолжи борбата против ПКК, се додека бунтовниците не го предадат оружјето и не се повлечат од Турција.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет лица загинаа во експлозија на гас во Измир, повеќе од 60 се повредени

(ВИДЕО) Eксплозија во Турција, четири лица загинаа, над 20 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шумски пожари во Турција: Евакуирани гости на два хотели во областа Кушадаси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција во хаос: Мртви и повредени во големи пожари

Предраг Петровиќ

Најмалку пет лица загинаа во шумски пожари во Турција

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски