На денешното гласање за прием на Косово во УНЕСКО, Македонија го потрвди ставот како и на минатото гласање, односно беше “за“ прием на Косово во УНЕСКО, но поради недостаток на уште три гласа за двотретинско мнозинство колку што е потребно, приемот беше одбиен. Од 142 членки на на УНЕСКО, 92 гласаа “за“, додека 50 беа “против“. Воздржани беа 29 членки.
Против прием на Косово гласа: Јужна Африка, Ангола, Аргентина, Ерменија, Белорусија, Боливија, Боцвана, Бразил, Чиле, Кина, Кипар, Конго, Куба, Еквадор, Еритреја, Шпанија, Етиопија,Русија, Грузија, Гватемала, Гвинеја, Индија, Индонезија, Казахстан, Киргистан, Либан, Мароко…
За прием гласаа: Авганистан, Албанија, Германија, Андора, Саудиска Арабија, Австралија, Бахами, Бахреин, Белгија, Белизе, Бенин, Бугарија, Македонија, Црна Гора, Хрвaтска, Словенија..
Воздржани беа Алжир, Бангладеш, Бутан, БиХ, Буринди, Камерун, Египет, Грција, Јапонија, Јужна Кореја, Романија…