Многу лесен, исклучително вусен и брз за подготовка …
Потребно е:
за тестото:
4 јајца
1 чаша (од 250 мл) кафеав шеќер
1 чаша брашно
1/2 лажиче прашок за пециво
2 лажици масло
1 ванилин шеќер
за филот:
3-4 поголеми јаболки
1 лажиче цимет во прав
шеќер во прав, за посипување
1 чаша мелени ореви
Подготовка:
– Правоаголен тава (најдобро е таа од рерната) обложете го со хартија за печење.
– Излупете ги јаболките и изрендајте ги на средно ренде. Смесата со јаболки сипете ја на хартијата во калапот и посипете ја со цимет и шеќер, по вкус. Најодозгора посипете со мелени ореви.
– Преминете на подготовка на тестото. Јајцата изматете ги со шеќерот. Додадете ги маслото и брашното заедно со прашокот за пециво и ванилиниот шеќер и повторно убаво изматете.
– Смесата сипете ја внимателно и рамномерно над мелените ореви. Со лажица убаво израмнете ја површината и оформете ги краевите.
– Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 20-25 минути, односно додека добие убава румена боја. Внимавајте да не го препечете, тестото треба да биде еластично.
– Извадете ја тавата од рерната и внимателно превртете ја на чиста крпа или поголема дрвена даска. Внимавајте да не се изгорите. Значи филот од јаболки и оревите треба да бидат од горната страна. Внимателно извадете ја хартијата за печење од тестото. Може да користите остар нож за таа цел. Со помош на крпата завиткајте го ролатот.
– Префрлете го ролатот во тавата и оставете да се излади. Посипете го со шеќер во прав, исечете го на парчиња и послужете.