Обединети за Македонија најостро го осудува дивеењето на контролирани групи во Крива Паланка, каде е демолиран верски објект на припадниците од ромската заедница.
Сега кога сме на вистинскиот пат за враќањето на вистинските вредности во општеството, каде човекот ќе биде тежиштето за заштите, преку враќањето на неговото достоинство, и почитувањето на неговите уставно загарантирани права и слободи.
Стравот од исламизацијата е само изговор за спроведување на нечие сценарио за создавање тензии, нетрпеливост и немири, кое води само кон единствена цел за дестабилизација на земјава.
Обединети за Македонија ги повикува надлежните институции веднаш да реагираат и спречат натамошни ескалации.
Секој во нашава држава има право на слободен живот и изразување на верските чувства.
Го повикуваме и Претседателот Иванов веднаш да реагира со својот авторитет во одбрана на ромската заедница во Крива Паланка.
Доколку тој не се огласи ќе даде јасен сигнал на граѓаните во земјава, дека само парадира со своите настапи за муслиманските празници и користи само да се слика заради декларативен и селективен пристап во неговите претседателски обврски како татко на нацијата.
Ги повикуваме граѓаните на Крива паланка на трпелливост и разумност, и почитување на различностите, заради заеднички просперитет и соживот.