Ирките протестираат против „суровите“ антиабортус закони

Од:

Жените во Ирска демонстрираат против „суровите“ антиабортус закони, на тој начин што преку интернет го известуваат премиерот Енда Кени за своите редовни, менструални циклуси.

Необичниот протест го започна во понеделникот, ирската комичарка Гвеин Мегвајар, но многу брзо и се приклучиле илјадници жени, сите приврзаници на кампањата за промена на сегашните прописи кои го забрануваат абортусот.

– Одлучивме, овие интимни детали за жените да ги поделиме со премиерот Кени, кога веќе државата Ирска толку мнгу се грижи за репродуктивните делови од женското тело, ја објаснува Мегвајар одлуката, на овој начин да се води кампањата.

Таа и другите учесници во кампањата, како и во ваквиот протест, бараат од владата на Ирска промена на контроверзниот осми амандман на Уставот на земјата, во кој се изедначени животот на фетусот со животот на жената (мајка).

Ирска е единствена земја во ЕУ, каде абортирањето е илегална постапка и абортусот е дозволен само во случаи кога серизоно е загрозен животот на жената.

Овој контроверзен уставен амандман може да се измени само на референдум.

Создадената коалиција од разни групи кои заговараат промена на законите и „ослободување на жените“ покрена акција за собирање потписи, за да се отвори дебата за ова прашање.
Во многу кус период се собрани повеќе од 47 илјади потписи.

Ирките кои се соочуваат со несакана бременост, абортус извршуваат во странство, помалку во Северна Ирска, каде законите се исто така строги, а повеќе во другите делови на Велика Британија, или низ земјите на ЕУ.

Според медиумите во Даблин, премиерот Енда Кени засега не реагира на протестот што го покрена комичарката Гвеин Мегвајар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Англија ја совлада Ирска

Хеликоптер удри во зграда во ирско село: Има голем број на жртви

Горан Наумовски

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски

Норвешка и Ирска ќе ја признаат Палестина