Копија од англиското издание на Библијата од 17-от век, именувано како „развратна Библија“ или „Библија за грешници“, поради грубите печатни грешки, наскоро ќе се најде на аукција.
Необичното издание на Светото писмо, во кое верниците се поттикнуваат да извршат прељуба, наместо да се воздржуваат од неа, е проценето на 14.000 до 21.000 евра.
Во 1763 година во текот на печатењето поради печатни грешки, седмата заповед е променета така што гласи „прави прељуба“, наместо „не прави прељуба“.
„Развратната Библија“ ја објави Роберт Баркер, печатар на англискиот кралски двор. Грешката не била веднаш воочена, туку една година подоцна, што Баркер го чинеше кариера.
Тој е казнет 300 фунти, што во тоа време било астрономска сума и одземање на лиценца за работа. Баркер по ова западнал во долгови и завршил во затвор, каде починал во 1645 година.
Во текот на наредните векови уништени се сите 1.000 печатени примероци со споменатата грешка, освен десет копии, од кои една на 11 ноември ќе се најде на аукција во куќата „Бонамс“ во Лондон.
Два примерока од оваа „срамна“ книга се изложени во библиотеката на Унвиерзитетот во Кембриџ, а една во Градската библиотека во Њујорк.