Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси го повика НАТО да дејствува за обнова на Либија во која има големи насилства откако беше урнат режимот на Моамер Гадафи.
– Либија е опасност која е закана за сите. Немањето влада создава вакуум во кој екстремистите имаат можност за прогрес…Мисијата не е сосема завршена. Треба да ги поддржиме сите напори за помош на либискиот народ и либиската економија, изјави тој.
Според него, треба да се пресечат донациите со пари, оружје и странски борци за екстремистите.
– Сите членови на НАТО кои учествуваа во соборувањето на Гадафи треба да помогнат, нагласи Ал Сиси. Тој упати и критики до западните држави за начинот на борба против Исламска држава во Сирија и Ирак.