Милка чоколадна торта

Од:

Оваа чоколадна торта е совршена и многу декоративна …

Потребно е:
за бисквитното тесто:
12 белки
12 лажици шеќер
200 гр мелени пржени лешници
2 лажици брашно

за кремот:
12 жолчки
100 гр шеќер
3 лажици брашно
100 гр шеќер
3 пудинга од ванила
1 л млеко
200 гр Милка чоколадо со сецкани лешници
200 гр бело Милка чоколадо
250 гр путер или маргарин
500 мл слатка павлака

Подготовка:
– Прво подгответе го бисквитното тесто. Во еден сад изматете 3 белки во густ шлаг. Постепено додадете 3 лажици шеќер и продолжете уште малку со матењето.

– Во шлагот додадете 50 гр мелени лешници и 1/2 лажица брашно и убаво измешајте со дрвена лажица.

– На дното на кружен калап за торта со дијаметар од 26 см ставете хартија за печење и сипете ја подготвената смеса. Ставете да се печево загреана рерна на 200 целзиусови степени 15 минути.

– Кога ке биде печено тестот внимателно одвоите ги рабовите од калапот и внимателно одлепете ја хартијата. Истата постапка повторете ја уште три пати, така ќе добиете 4 бисквитни теста.

– Преминете на подготовка на кремот со Милка чоколадо. Изматете ги жолчките со 100 гр шеќер.

– Во друг сад измешајте ги прашокот за пудинг со 3 лажици брашно, 100 гр шеќер и 100 мл млеко од потребното 1л. Останатото млеко ставете го да зоврие.

– Измешајте ги заедно изматените жолчки со смесата со пудинг и сипете ги во зовриеното млеко. Со постојано мешање сварете го кремот додека не стане густ. Тргнете го садот на страна и поделете го кремот на два дела.

– Во едниот дел додека е уште врел додадете го чоколадото со лешници искршено на парчиња. Во другиот дел ставете го белото чоколадо искршено на парчиња. Мешајте ги двата крема додека да се растопат чоколадите. Оставете ги да се изладат. Во секој дел додадете по пола изрендан путер или маргарин.

– Изматете ја слатката павлака во густ шлаг.

– Почнете со редење на тортата. На чинија за сервирање ставете една кора и одозгора премачкајте ја со темниот крем, а потоа со светлиот крем. На крај нанесете еден слој од изматениот шлаг. Сега ставете ја втората кора и повторно филувајте ја прво со темниот крем, па со светлиот крем и на крај со шлагот. Истата постапка повторете ја и со третата кора. Ставете ја и четвртата кора, но не ја филувајте туку декорирајте ја по желба.

– Може да ја декорирате целата торта со 500 мл изматен шлаг, а на средината да нанесете мелени лешници.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска