Англиската ФА размислува да побара од ФИФА 21 милиони фунти отштета

Од:

размислува да поднесе тужба до ФИФА, со барање за отштета од 21 милиони фунти, за трошоците направени околу кандидирањето за домаќин на Светското првенство во 2018 година.

ФА смета дека има основа за тужба, откако се уште актуелниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер неодамна рекол дека Русија била определена за домаќин, затоа што таа никогаш досега нема организирано едно светско првенство.

Според претседателот на ФА, Грег Дајк, кој најави истрага на англиската федерација за изјавата на Блатер, значи дека Русија била определена за домаќин уште пред да се почне со гласањето, па затоа ФА би требало да побара да и се надокнади штетата за непотребната кандидатура.

Блатер кој се наоѓа под тримесечна суспензија, за сомневањата за корупција, околу исплатата на милионски хонорар за Мишел Платини, пред да стане претседател на УЕФА, за руската агенција ТАСС дека Светската фудбалска организација била определена за Русија во 2018, а за САД во 2022, додека Платини и УЕФА биле за Катар.

Изјавата е дадена за да се отфрлат обвинувањата за „купување„ на организацијата на следните две фудбалски првенства.

За можноста да се бара отшетата од ФИФА, расправаше на една седница и Комитетот за култура, медиуми и спорт при британскиот Парламент.

На гласањето во Цирих, во декември 2010 година, Англија и нејзината ФА очекуваа да да добијат организацијата на светското првенство, истакнувајќи ја својата целосна подготвеност уште веднаш да организираат една вака голема спортска манифестација.

Иако фудбалот е измислен во Англија, земјата само еднаш досега била домаќин на еден Мундијал, во летото во 1966 година.Но англската кандидатура беше елиминирана уште во првиот круг од гласањето, кога Англичаните добија подршка само од „своите„ сојузи на британските острови.
Лондонските медиуми веднаш со тврдењата дека одлуките за Русија и Катар се „купени„ и дека ФИФА е зафатена со корупција.

Проториевскиот „Дејли Телеграф„ сега тврди дека одлуката на ФИФА за Катар, практично, била дил меѓу тогашниот францускиот претседател Никола Саркози и поранешниот катарски принц, а сега суверен на оваа малечка заемја во Персискиот Залив.Платини подоцна предложил домаќин за 2022 да биде Катар, каде и не се игра фудбал, а не САД, Австралија или Јапонија кои беа противкандидати.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ