Сто и осумнаесет точки на 71. собраниска седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 71. седница на чиј дневен ред се 118 точки.

Пратениците, меѓудругото, треба да расправаат за предлозите за изменување и дополнување на Законот за употребата на македонскиот јазик, на Законот за заштита на културното наследство, на Законот за експропријација и на Законот за јавните набавки.

На дневен ред се и предлог измените на законите за технолошки индустриски развојни зони, за животната средина, за просторно и урбанистичко планирање, за здравственото осигурување, за биомедицинско потпомогнато оплодување и за служба во Армијата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати