Розберг славеше во Мексико

Од:

Германецот во Мерцедес, Нико Розберг победи на 17-та трка во првенството на Формула 1, Големата награда на Мексико.

Тој на премиерната трка на патеката „Ерманос Родригес“ во Мексико Сити, стигна до четвртата сезонска победа, вкупно 11-та во кариерата.

Второто место му припадна на тимскиот колега на Розберг, Луис Хамилтон, кој минатата недела во Остон, САД, ја одбрани титулата светски првак. На победничкиот пиедестал на возачите на Мерцедес им се приклучи Валтери Ботас од Вилијамс.

Покрај најдобрите тројца бодови во Мексико освоија уште Кјват и Рикардо од Ред Бул, Маса од Вилијамс, пилотите на Форс Индија Нико Хилкенберг и Серхио Перез, односно Макс Ферстапен (Торо Росо) и Рома Грожан (Лотус).

Првенството во Формула 1 ќе продолжи ма 15. ноември кога на патеката „Интерлагос“ во Сао Паоло ќе се вози Големата награда на Бразил.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он