Путин „импровизира“ во Сирија, тврди директорот на американското разузнавање

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин чија држава почна со воени операции во Сирија во крајот на септември, „импровизира“ ден за ден, изјави директорот на американското разузнавање Џејмс Клапар за Си-Ен-Ен.

– Се прашувам дали тој има долгорочна стратегија или дејствува ден-за-ден, изјави Клапар.

Тој додаде дека главниот сојузник на сирискиот лидер Башар Асад е „многу импулсивен и непринципиелен“.

Русија почна со воздушни удари на 30 септември и тврди дека напаѓа терористички групи. САД и други држави ја обвинуваат дека ги насочува ударите врз бунтовнички групи за да ги засили позициите на Асад.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски