Фудбалската федерација на Македонија им донираше спортска опрема и фудбалски топки од германскиот производител – „ЈАКО“, на екипите од Првата женска лига. Во соработка со ФИФА, ФФМ за новоформираните младински екипи во повеќе категории во женскиот фудбал обезбеди донација од дресови, шорцеви, чорапи, копачки, фудбалски топки – „АДИДАС“.
Во просториите на „Куќата на фудбалот“ донација примија претставници на десет екипи кои се натпреваруваат во системот на Фудбалската федерација на Македонија.
– Ќе се обидеме и во иднина да им ја дадеме целосната поддршка и помош на клубовите кои имаат намера да придонесуваат за развој на женскиот фудбал во Македонија. Наша заложба е да ги поддржуваме тие кои придонесуваат за развојот на фудбалот од најмалите категории, се до почетокот на професионалната кариера. За сите тимови е значајно кога има некој што може да им помогне. Голема благодарност и до ФИФА за поддршката која тие ја дадоа – истакна генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.