Шкотскиот фудбалер Џејм Мекфaден потпиша тримесечен договор со англискиот премиерлигаш Сандерленд.
Дваесет и деветгодишниот напаѓач беше без клуб откако го напушти Евертон на крајот на минатата сезона.
„Потпишавме договор на три месеци. Ако игра како некогаш ќе биде одлично, но мораме да почекаме да видиме“, изјави менаџерот на Сандерленд, Мартин О’Нил за британските медиуми.
Мекфaден во кариерата играше за Мадервел и за Бирмингем, а во Евертон беше во два наврати. За репрезентацијата на Шкотска настапи 48 пати, а последниот натпревар го одигра во септември 2010 година.