Обединети за Македонија на средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, разговарале за актуелните внатрешно-политички настани во земјава и констатирале дека се успешни досегашните заеднички дејствувања во рамките на опозицискиот блок.
„Уште еднаш беше потврден цврстиот став на ОМ, во истрајноста на патот за промена на постојниот недемократски систем, притоа користејќи ги сите демократски и цивилизациски средства. Заеднички беше поздравена вчерашната порака на амбасадорите пред Владата на Република Македонија, со кој јасно се стави до знаење дека договорот од Пржино мора да се испочитува и спроведе до крај. ОМ и лидерот на СДСМ заеднички потврдија дека премиерот во заминување, мора да издаде налог за докомплетирање на тимот на Јанева, како и да овозможи реални ингеренции на опозицискиот иден министер за внатрешни работи, за да не се претвори во обичен симболичен функционер и декор за власта, без реални ингеренции“, се наведува во соопштението од ОМ.