Ивон Величковски се сретна со претседателот на ХНС, Весна Пусиќ

Од:

На маргините на либералната лидерска средба на Либералната мрежа на ЈИЕ (ЛИБСЕЕН), во Осијек, Хрватска, претседателот на ЛП и пратеник, Ивон Величковски се сретна со претседателот на ХНС, г-ѓа Весна Пусиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Хрватска.

На средбата беа разменети погледи за тековната политичка состојба во Македонија и во регионот и за можностите за соработка на двете либерални партии.

Евро-интегративниот процес беше една од главните теми на средбата на која претседателот Величковски ја изрази и благодарноста за досегашната хрватска поддршка на македонските евро-интегративни процеси. Притоа, тој подвлече дека таа не е само политичка, потсетувајќи на достапноста на хрватските искуства и техничките документи кои се од значење и за Македонија и воопшто за земјите-кандидати од регионот.

Претседателот Пусиќ потенцираше дека европските интеграции се природна заложба на либералите, изразувајќи го очекувањето дека ваквиот пристап на Хрватска ќе го помогне интегративниот процес на регионот и покрај тековните предизвици со кои се соочува ЕУ.

Пусиќ и Величковски се согласија дека соработката меѓу либералните партии во регионот е можност и за унапредување на активностите и видливоста на ЛИБСЕЕН, но и за практичен придонес во поддржувањето на евро-интегративните процеси на земјите од ЈИЕ.

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

A1on

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

A1on

(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

A1on

Молк од Горан Милевски за модифицираниот француски предлог

A1on

ВИДЕО: Колку пари трошат политичките партии на рекламирање на билборди

Ана Ололовска