Авиони на коалицијата, предводена од Саудиска Арабија, кои вршат напади врз позиции на шиитските бунтовници Хути бомбардираа болница на „Лекари без граници“ во Јемен, соопшти меѓународната хуманитарна организација на својот налог на Твитер.
– Врз болницата на „Лекари без граници“ во провинцијата Саада во Јемен синоќа беа извршени неколку воздушни напади во момент, кога во објектот имаше и пациенти и медицински персонал, нагласи организацијата.
Според директорот на болницата, неколку лица се повредени во нападот.
– Како резултат на воздушните напади беше разурната целата болница со се што имаше во неа, апаратура и лекови, а неколку лица беа полесно ранети, изјави лекарот Али Мугли.