Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ја одби жалбата на Мишел Платини за изречената тримесечна суспензија па така претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) останува да ја одлежи казната.
Платини на почетокот на месецов беше суспендиран поради сомнителни два милиони швајцарски франци добиени за советодавни услуги во 2011 година. За оваа зделка суспензија доби и претседателот на ФИФА во заминување Сеп Блатер.
Французинот е кандидат за наследник на ФИФА, на изборите закажани за 26 февруари, но поради можноста да не му биде прифатена кандидатурата УЕФА вчера ја поддржа номинацијата на Џани Инфантино.