Сириските курдски сили за заштита на народот соопштија денеска дека единици на турската армија пукале врз нив во северна Сирија.
Претставници на курдските Сили за заштита на народот наведуваат на Фејсбук дека турската армија пукала врз нивни припадници распоредени во Тал Абијад во два наврата. Нема жртви во нападот.
Пукањето е регистрирано неколку дена откако курдските власти во Северна Сирија објавија дека формираат нова независна провинција во која ќе биде и градот Тал Абијад крај границата со Турција, кој беше преземен од Исламска држава во јуни.