ФОТО: Ќерката на Синди Крафорд оди по стапките на мајка и

Од:

Ќерката на Синди Крафорд, Каја Гербер започна да ги следи стапките на нејзината мајка уште кога имаше само десет години, а сега, со полни 14, веќе има завидна модна кариера.

Каја, која неверојатно наликува на нејзината мајка, е ќерка на една од најуспешните манекенки во светот и бизнисменот Ранд Гербер.

„Мини-верзијата на Синди“, како што ја нарекуваат некои таблоиди, неодамна потпиша договор со познатата моделинг агенција ИМГ, за кои работат и неколку познати имиња како Алесандро Амброзио, Иман Абдулмаџид, Лили Олдриџ и Камил Алвес.

Каја 2

Каја досега се појави на насловната страна на „Тин Воуг“ и беше заштитно лице на кампањата за „Јанг Версаче“.

Дента кога Каја го потпиша договорот со ИМГ, гордата мама Синди на Инстаграм сподели фотографии на нејзината убава ќерка од рекламата за „Воуг Италија“. Неодамна за роденденот на Каја, Синди објави семејна фотографија од времето кога нејзината ќерка беше мало девојче.

Каја 3

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски