Квалификациите за Големата награда на САД во Формула 1 се презакажани за 15 часот, откако вчера на се одржаа поради невремето во Остин.
Поројниот дожд го откажа и вториот тренинг во петокот, а возачите во текот на првата тренинг сесија поради лошите услови поминаа малку време на патеката.
Ураганот „Патриша“ кој го погоди брегот на Мексико, делумно доведе до хаотични временски услови северно од земјата во изминатите два дена.
И покрај тоа што одреден период бурата стивна, сепак условите се влошија пред почетокот на квалификациите и нивното одржување не беше можно.
Одговорните за трката го одложуваа почетокот на квалификациите, неколку пати за на крајот да бидат преместени за 9 часот по локално, а 15 часот по македонско време.
Во случај повторно да нема услови за одржувањето на квалификациите, стартната листа ќе се утврди врз основа на резултатите од третиот тренинг. Според нив Луис Хамилтон од Мерцедес че ја има пол-позицијата, а по него следуваат Себастијан Фетел од Ферари, Нико Хулкенберг од Форс Индија.
Главната трка за Големата награда на САД треба да се вози вечер од 20 часот по македонско време.